Приземјена целата руска флота Су-27 по пад на авион

Приземјена целата руска флота Су-27 по пад на авион
Приземјена целата руска флота Су-27 по пад на авион

Руското воено воздухопловство ја приземји целата флота „ловци“ Су-27 по несреќата во Подмосковието откако се урна таков авион. Пилотот загина неуспевајќи навреме да се катапултира поради тоа што сакал да избегне да се урне во населено место.

Командантот на руското воено воздухопловство Виктор Бондарев нареди да се приземји целата флота Сухој 27 додека не се утврди причината за уривањето на авионот.

Проценките се дека руската армија околу 300 авиони Су-27. Авионот што денеска се урна беше дел од познатата акробатска пилотска група Руски витези кои во минатото често учествуваа во воени паради над Црвениот плоштад во Москва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.