Признание од ФДИ Магазинот: Македонските економски зони се топ дестинации за инвестиции

Охридско струшкиот регион е рангиран на прво место како најповолен за инвеститорите во Европа, објавува порталот ekonomski.mk.

Според рангирањето кое го изврши ФДИ магазинот високо рангирани се и скопскиот и штипскиот регион. По тој повод, ФДИ Магазинот на 12 март во Кан ќе додели и награда на Македонија.

Според извори на економски.мк, на свеченоста ќе присуствува Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо. Тој во изјава за порталот вели дека позициите кои Македонија ги зазема во рамките на рангирањето се доказ дека земјата полека, но сигурно станува препознатлива бизнис дестинација.

viktor-mizo

„Македонија е земја која поседува низа погодности, можности, поволни услови, квалитетна работна сила, кооперативен бизнис сектор но и успешна промотивна стратегија за што најдобар показател е бројот на СДИ односно, компании кои инвестирале или ги најавиле своите инвестиции. Во сите овие регион Макеоднија има лоцирано технолошко – индустриски развојни зони. Тие се интересни за инвестоиторите заради тоа што се инфраструктурно решени што значи дека компаниите можат веднаш да почнат да градат“, вели Мизо.

Во рангирањето на ФДИ магазинот, Македонија котира повисоко од сите земји во регионот, Србија, Бугарија, Романија. Ова според Мизо, ќе помогне земјата да привлече поголем број странски компании.

ФДИ ја рангираше Македонија во следните категории:

ТОП 10 Европски региони- (цост еффецтивенесс) ценовна ефикасност Охрид/Струга- Македонија е рангирана на 1 место

ТОП 10 Мали европски региони- ( цост еффецтивенесс) , Охрид/Струга-Македонија е рангирана на 1 место.

ТОП 10 Јужноевропски регион-ФДИ стратегија, Охрид/Струга- Македонија е рангирана на 6 место

Во групата градови, Македонија беше рангирана во следниве категории:

ТОП 10 Мали европски градови-(цост еффецтивенесс) ценовна ефикасност, Скопје- Македонија е рангирана на 1 место,

ТОП 10 Микро европски градови – (цост еффецтивенесс) ценовна ефикасност, Штип е рангиран на 1 место, а втората позиција му припадна на градот Велес.

ТОП 10 Јужноевропски градови – ФДИ стратегија, Скопје- Македонија е рангирана на 5 место,

ТОП 10 Јужноевропски градови , Скопје- Македонија е рангирана на 8 место,

ТОП 10 Мали европски градови – ( бусинесс фриендлинесс) деловна соработка, Скопје- Македонија е рангирана на 10 место,

ТОП 10 Мали евроски градови – ФДИ стратегија, Скопје- Македонија е рангирана на 10 место

ФДИ магазинот кој се издава од страна на Финанциал Тимес Лтд, континуирано спроведува студии за стански инвестиции. Го истражува влијанието на факторите како глобализација и инфлација врз бизнис климата во светот и реализира интервјуа со корпоративни директори и бизнисмени. Магазинот на секои две години прави студии и анализи за Европа.

Според спроведените анализи од страна на ФДИ во ноември 2013 година на пазарот забележани се 3652 греенфиелд ФДИ проекти во Европа.

Во европскиот регион се реализирани најмногу ФДИ проекти, односно третина од глобалните ФДИ , од кои 665 инвестиции односно 18,2% биле во делот на софтверскиот и ИТ сектор. Во студијата именувана ,,Европските региони на иднината 2014/15,, магазинот изврши анализа и рангирање, при што примени нова методологија односно ги внесе градовите и регионите како нови параметри кои ќе бидат анализирани според ФДИ стратегија и бројот на жители ( со цел да се класифицираат градовите и регионите според нивната големина).

Рангирањата беа направени врз основа на следниве критериуми, економски потенцијал, човечки капитал и животен стил, ценовна ефикасност, инфраструктура, деловна соработка и ФДИ стратегија. При изготвувањето на студијата, од страна на магазинот беше направена дата база, односно беа собрани податоци за 468 локации по градови и региони, додека пак за категоријата ФДИ стратегија – стратегија за промоција, имаше 180 поднесители (апликанти).

Македонија, земајќи ја во предвид својата визија-промоција на поволностите за инвестирање, промените за подобрување на бизнис климата, како и реформите спроведени со цел подобрување на условите за реализирање на инвестиции, по регион и градови завзема високи позции.

Регионално, во категоријата на ценовна ефикасност доминираше регионот на Источна Европа, односно на првото место рангирани се Охрид/Струга. Во рамките на рангираните градиови и региони има формирани технолошко-индустриски развојни зони, од кои зоните во Скопје и Штип се функционални и во нив се сместени преработувашките капацитети на реномирани компании.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.