Македонија

Признание за ЕВН Македонија за поддршка на лицата со Даунов Синдром

Признание за ЕВН Македонија за поддршка на лицата со Даунов Синдром

ЕВН Македонија ги подржа активностите на организацијата „Трисомија 21 – Скопје“ за одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

Трисомија 21 – Скопје заедно со танцовиот клуб Dancers United MK организираше еднодневен инклузивен танц фестивал под мотото „Имам можности, имам избор“, на кој своите танцувачки способности ги демонстрираа околу стотина изведувачи од Македонија, со и без попреченост, на различни возрасти и во различни танцови дисциплини.

Настанот се одржа во Театар Комедија и во него учествува членови од повеќе танц-клубови и тоа од: Dancers United MK (меѓу кои и изведувачи со Даунов синдром), Балетско студио “Балерина“, Културно уметничко друштво “Никола Јанков Вапцаров“, Студио за модерни танци “Break a Leg“  и Танцов Клуб  “AQUA“.