Признание за градоначалникот на општина Битола и Општина Битола

Европската Бизнис Асемблеjа од Велика Британија, односно Сократ Комитетот, на 19ти декември едногласно го додели највисокото интернационално годишно признание „Најдобра Општина” на Општина Битола и „Најдобар Градоначалник” на Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола. Признанието беше доделено во свечената сала на Општина Оксфорд во присуство на голем број високи интернационални гости.

Ова престижно признание се доделува со номинирање врз основа на претходно препознавање на репутацијата на градот, ефективното управување, постојаниот раст и развој како и атрактивноста за туристите.

Градоначалникот Владимир Талески и Општина Битола беа избрани врз основа строги критериуми на Европката Бизнис Асемблеја и направените опсежни анализи според следните критериуми:

-Нивото на задоволството кај граѓаните
-Социјалната и политичката стабилност
-Економското опкружување (регулативи, даноци, олеснувања…)
-Социо- културниот развоја и програмите за поддршка
-Образование, здравство и социјала
-Меѓународна соработка
-Јавни услуги и транспорт, инфрастуктура, сообраќај
-Рекреација и забава
-Општинските административни методи

Првичните информации за градоначалнитот и Општина Битола биле прибирани по пат на социолошки истражувања базирани на национални и интернационални статистички податоци, препораки од специјални национални и интернационални авторитети, организации, фондации и асоцијации, продлабочени медиумски содржински анализи, интернационално рангирање на градовите, како и годишната експертиза на членовите на Сократ комитетот при Европската Бизнис Асемблеја.

Наградата се состои од личен трофеј/медал за градоначалникот со Swarowski кристали, диплома и скулптура изработена од лондонскиот јувелир Алфред Виниецки која симболизира напорна работа и високи достигнувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.