ФОТО: Признанието на помилуваниот од „Пуч“ кој ја призна вината

Звонко Костовски, инспекторот од УБК, обвинет за шпионажа и неовластено снимање, во случајот „Пуч“ повеќе не е во затвор, казната од 3 години му прекина вчера откако доби помилување од претседателот Ѓорге Иванов.

Инаку, токму Костовски беше единствениот обвинет во аферата „Пуч“, кој издржуваше затворска казна, откако го призна делото и се спогоди со обвинителството.

presuda-sitel-1

Звонко Костовски на 25-ти февруари минатата година доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа. Тој признал  на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, како и кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.

Во пресудата која медиумите ја добија користејќи го правото на слободен пристап до информации стои дека дека делата на вработениот во МВР кој беше осуден започнале во 2010.

Преку вториот вработен во МВР тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности. Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните . Меѓу нив може да се препознаат првите букви од имињата на премиерот Груевски, министерката Јаснкулоска, шефот на УБК Мијалков, како и други иницијали кои се индикативни како БЦ на Бранко Црвемнкосвки и РШ на Радмила Шекеринска.

Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.

– Прибавените содржини од следените комуникации обвинетиот З. ги предавал на обвинетиот Ѓ.Л. кој му ги предавал на обвинетиот З.В., ,со намера да тој ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, со што обвинетите Ѓ.Л. и З. К. ,на обвинетиот З.В., за паричен надоместок му ставиле средства за располагање за извршување на кривичното дело, и со тоа со умисла му помогналe на обвинетиот З.В., во извршување на кривичното дело Шпионажа од чл.316 од КЗ., стои во судската пресуда.

Костовски доби 3 години затвор преку спогодба со јавното обвинбителство која потоа била верификувана од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд.

Медиумите тогаш пишуваа дела со ова се докажува тврдењето дека зад прислушувањето стои странска држава која ги ангажирала осомничените предводени од верушевски. За соработката на екс разузнавачот со лидерот на СДСМ пак во јавноста протече писмо во кое се договоараат деталите за така наречениот ПУЧ.

Во продолжение погледнете ја целата пресуда

presuda-2

presuda-3

presuda-3