понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 52

Признанието на Спасов за точноста на анкетите – уште еден доказ дека СДСМ се плаши од избори

Признанието на Ѓорѓи Спасов за точноста на анкетите на ИРИ и Брима Галуп е уште еден доказ дека СДСМ се плаши од избори. Првиот човек на агенцијата „Рејтинг“ Ѓорѓи Спасов, првично ги негираше, а синоќа ја призна точноста на анкетите на ИРИ и Брима Галуп, според кои ВМРО – ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ.

spasov-rejting-akcent640-640x347

Поврзани вести

Признанието на Ѓорѓи Спасов за точноста на анкетите на ИРИ и Брима Галуп е уште еден доказ дека СДСМ се плаши од избори. Првиот човек на агенцијата „Рејтинг“ Ѓорѓи Спасов, првично ги негираше, а синоќа ја призна точноста на анкетите на ИРИ и Брима Галуп, според кои ВМРО – ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ.

Со ова уште еднаш се потврди дека се валидни тезите оти поради слабата поддршка од народот дека СДСМ сакаат да избегаат од избори.

Јас сметам дека било која агенција да спроведе истражување на професионален начин како што ова го има направено „Брима Галуп“ ќе ги добие овие резултати кои што ги објави „Брима Галуп“ и јас не ги спорам бројките кои се објавени, вели Спасов во „Акцент“ на МРТ.

Инаку, според најновата aнкета на Брима Галуп, која беше изработена во соработка со неделникот Република, се прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

brima-galup-5

Огромни 70,2% од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има поголема поддршка од граѓаните, наспроти 11,2% кои сметаат дека СДСМ има поддршка од граѓаните. Дури 55,9% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник на следните избори, наспроти 12,1% кои мислат дека победник ќе биде СДСМ.

Никола Груевски и понатаму е политичарот со најголема доверба кај граѓаните со високи 32,3% пред Зоран Заев кој ја ужива довербата на 9,1% од испитаниците.

brima-anketa

На прашањето За која партија би гласале доколку следната недела би се одржале нови парламентарни избори? – резултатите се 33,3 % ВМРО – ДПМНЕ, а 14,7 отсто за СДСМ.

Спасов иако ги критикуваше анкетите, сега призна дека погрешил и дека анкетите кои предвидуваат голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, се точни анкети.

Се доби впечаток дека се работи за различни податоци, но јас го поправив статусот првичен, реков дека не се работи за манипулација на „Брима Галуп“, туку дека се работи за две анкети кои што се спроведени, кои најверојатно имаат идентични резултати и се спроведени професионално, призна Спасов кој важи за анкетар во корист и по нарачка на опозицијата.

Најчитани вести