Македонија

Признанија за најдобрите менаџери со човечки ресурси

Признанија за најдобрите менаџери со човечки ресурси

Македонската асоцијација за човечки ресурси ги избра најдобрите HR менаџери, односно менаџери од областа на менаџмент со човечки ресурси на шестата Меѓународна конференција за човечки ресурси, што се одржа во петокот.

Признанија за најдобри практики во областа на менаџмент со човечки ресурси добија Јелица Ивановска од Вистеон Корпорејшн (Visteon Corporation), Ивана Дојчиновска Стојановиќ од Вабтек МЗТ, Искра Трајкоска од Лакталис МК, а статуетката за менаџер на годината ја понесе Магдалена Славејкова, менаџер за човечки ресурси во Цементарница Усје АД Скопје.

Македонската асоцијација за човечки ресурси е основана во 2009 година, а нејзина главна мисија е да ја поддржува и развива професијата управување со човечки ресурси и да придонесува за унапредување на нејзиниот статус.