среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Дваесет години од меѓународното признавање на Црвениот крст на Македонија

Дваесет години од меѓународното признавање на Црвениот крст на Македонија

Дваесет години од меѓународното признавање на Црвениот крст на Македонија

Дваесет години од меѓународното признавање на Црвениот крст на Македонија

Поврзани вести

Дваесет години од меѓународното признавање на Црвениот крст на Македонија. Претседателот на Црвениот крст на Македонија, Милчо Трајков, денеска на отворањето на тркалезната маса на тема „Развој на националното друштво и неговата улога во општеството и меѓународното движење“ порача дека Црвениот крст е крстопат на младите и лицата од трето доба, каде волонтираат и наоѓаат можност да ја изразат својата хуманост и солидарност, за подобро и поинклузивно општество.

На отворањето на форумот во Македонската академија на науки и уметности по повод 70 години од формирањето и 20 години од меѓународното признавање на организацијата, Трајков нагласи дека Црвениот крст е секогаш тука да помогне и при елементарни несреќи и природни катастрофи, да помогне на лицата чие секојдневие им е сиромаштијата, да ги поддржи лицата со хендикеп и луѓето кои го загубиле својот имот како резултат на катастрофа, како и да обезбеди поддршка за лицата раздвоени од семејствата, за лицата изложени на најразлични здравствени и социјални ризици и други категории на ранливо население.

Дваесет години од меѓународното признавање на Црвениот крст на Македонија

Дваесет години од меѓународното признавање на Црвениот крст на Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, на воведната сесија, рече дека во 1994 година Собранието на Македонија го изгласа законот за Црвениот крст во чија правна рамка ги вгради основните принципи на меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, принципите на независност, неутралност, непристрасност, хуманост, единство, доброволност и универзалност.

Со тоа се овозможи соодветно функционирање како на национално така и на меѓународно ниво и се даде придонес во градењето општество кое се стреми кон организирано и активно национално друштво на Црвен крст, истакна Вељаноски.

Црвениот крст, со своите активности го гледаме насекаде околу нас, во соработката и програмите за заштита и помош на ранливи категории на лица, проекти за хумани вредности, социјална инклузија, мир и ненасилство, здравствено воспитување и воопшто грижа за човековиот живот и достоинство, продолжи тој.

Дваесет години од меѓународното признавање на Црвениот крст на Македонија

Дваесет години од меѓународното признавање на Црвениот крст на Македонија

Претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, го истакна значењето на ова светско хуманитарно движење и неговиот незаменлив придонес во зачувувањето на идеалот на човечкото достоинство како врвна вредност на современата цивилизација во време кога над него повторно се надвиснуваат темни облаци на злото и тоталната деструкција.

2015-та година е една од најактивните и најработливите години, меѓутоа и година на јубилеј, истакна генералниот секретар на Црвениот крст во Македонија Саит Саити.

Изминатата и оваа година во агендата на предизвиците на прво место се исфрлија прашањата на бегалците и раселените лица. Црвениот крст на Македонија е фокусиран на тоа што значи помош и поддршка на раселените лица и на бегалците кои се движат низ земјата, истакна тој.

На тркалезната маса учествуваа научни работници, професори, претставници од Меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина и волонтери, кои со свои презентации дадоа придонес во одбележување на овој дводецениски период од признавањето и членството во Движењето.

Црвениот крст на Република Македонија е формиран на 17 март 1945 година, а самостојно дејствува и работи како Национално друштво од 21 мај 1992 година. Црвениот крст на Република Македонија е признат од Меѓународниот Комитет на Црвен крст на 1 ноември 1995 година и е примен како полноправен член на Меѓународна Федерација на Друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина на 27 ноември 1995 година.

 

Најчитани вести