Прмоција на антологија на балканската поезија

Ново издание на поетската манифестација „Празник на липите“

Во рамките на програмските активности на меѓународниот Семинар за македонски јазик и литература, во Охрид утре во 18 часот ќе биде промовирана антологијата на балканската поезија „Светиот пат“, што ја подготви македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан.

Во ова дело се застапени двесте и шест поети од дванаесетте балкански држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора.

Изданието ќе го промовира проф. д-р Кристина Николовска, а стихови ќе читаат познати македонисти од балканските држави, учесници на меѓународниот Семинар за македонси јазик и литература.