Македонија

„ПРО-ЗА Балкан“: Трибина, средба со писатели, потпишување книги

„ПРО-ЗА Балкан“: Трибина, средба со писатели, потпишување книги

Во рамки на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ денеска ќе се одржи трибина „Европа/Балкан – литература/инклузивност“.

Модератор е Елизабета Шелева, а ќе учествуваат гостите писатели, членовите на Скопје фелоушип програмата и на Уметничкиот совет на фестивалот.

По трибината е предвидена средба на членовите на Скопје фелоушип програмата со писатели и издавачи од Македонија.

Вечер, во книжарница „Икона“ – Скопје Сити мол, гостите автори ќе потпишуваат книги. Воедно ќе се одржи средба со гостите на Скопје фелоушип програмата.

Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ го организира издавачката куќа „Икона“. Беше отворен синоќа во Младинскиот културен центар, а се затвора утревечер со доделување на наградата „Прозарт“.