Секс

Пробајте секс на кинески начин

Пробајте секс на кинески начин

Обидете се со стар кинески начин на водење љубов при кој што мажот треба да го одложува оргазмот се’ додека жената не доживее неколку.

Уште одамна пред 1.500 години п.н.е. таоистите советувале: „Мажот мора да ја одложува ејакулацијата и оргазмот така додека жената да доживее неколку оргазми“.

Логиката која се криее зад ова подразбирала дека жените имаат неисцрпна јин енергија, додека машката јанг енергија е ограничена, па ако мажот пребрзо ја потроши својата јанг енергија не впивајќи ни малку јин тоа претставува ризик по неговото здравје.

Подоцна, отприлика во периодот од 25 до 220 години од новата ера во ерата на Хан династијата, настануваат нови списи за сексуалното задоволство во кои акцентот е ставен на техниките на дишење со помош на кои мажот може да го одложи оргазмот доволно долго за жената да сврши неколку пати и да му подари малку од својата јин енергија. И позите биле осмислени така што на жената да и’ се овозможи максималлно задоволство.

Воздишки на перница: обидете се со мисионерска поза со перници. Вие лежете на работ од креветот, свиткајте ги нозете во колената и со стапалата потпрете се на креветот. Подметнете неколку перници под задникот. Тоа ќе ви даде чувство на топлина и блискост, плус ќе ви пружи врвна стимулација, а оргазмот ќе го доживеете истовремено.