Македонија,Крими хроника

Пробиштипјанец нападнал полицаец на должност

Пробиштипјанец нападнал полицаец на должност

Осумнаесетгодишниот М.С. од Пробиштип вчера нападнал полицаец на должност.

Полицијата го запрела на улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Пробиштип и при обидот за преземање мерки за сообраќаен прекршок, М.С. им се заканувал, а потоа и нападнал еден од полицајците на должност.

Напаѓачот е приведен, извршен е разговор и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.