Пробиштипјанка роди шесто дете

Сузана Петровска (37) од Пробиштип доби најубав подарок за осми март- го роди шестото дете.

Ова е најубавиот подарок што една мајка може да го добие на овој ден и јас сум пресреќна, вели Петровска за „Старплус“ на ТВ Стар.

Бебето е родено во Штипската клиничка болница.

Новороденчето е женско, 3,4 килограми а долго 49 сантиметри, со стабилна здравствена состојба и под постојан мониторинг – изјави д-р Александар Стојановски, директор на Клиника болница – Штип.

Новиот член на семејството е нова радост, но и обврска за Патровски кои веќе имаат пет деца и многу работа со нив.

Треба сите да учествуваме во активностите дома, има три деца на училиште и две во градинка и треба да се работи со нив, вели мајката Петровска.

Но, освен време и пари за да ги одгледат сега веќе шесте деца, на Петровски им треба и простор. Тие во моментов живеат во мала куќа во Злетово, која не е доволна за сите:

Во моментот ова семејство се соочува со проблем, а тоа е што немат доволно голем станбен простор и се надевам дека со изградбата на новата станбена зграда ќе им биде овозможено нов стан, истакна Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип, за „Старплус“ на ТВ Стар.

Малото бебе се уште чека да го добие своето име, а неговите постари браќа и сестри го чекаат него дома. За сите нив, почнува ново поглавје од животот , од денес исполнет со нов бебешки плач, но и нова радост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.