Бразил2014,Спорт

Проблем за Германија, Хумелс се жали на болка

Проблем за Германија, Хумелс се жали на болка

Тим-менаџерот на Германија, Оливер Бироф, потврди дека централниот дефанзивец, Матс Хумелс се жали на болка во десното колено и дека неговиот настап во финалниот натпревар е ставен под знак прашалник.

“Сите се ОК, освен Матс Хумелс кој се жали на болка во десното колено. Не станува збор за посериозна повреда, но ние се надеваме дека ќе биде подготвен за игра и дека ќе биде во комбинација за финалниот натпревар. Во овој момент, неговиот настап од првата минута е ставен под знак прашалник”, изјави Бироф.

Централниот дефанзивец на Борусија од Дортмунд. пак е убеден дека ќе биде 100% подготвен за финалниот натпревар против репрезентацијата на Аргентина.

“Веќе неколку дена чуствувам болка во моето колено. Со болка го одиграв полуфиналниот дуел против Бразил, но не се чуствува баш најдобро по натпреварот. Мислам дека не станува збор за нешто сериозно, не толку за да го пропуштам финалниот натпревар против репрезентацијата на Аргентина”, изјави Хумелс.