Проблематичниот Освалдо сега ќе ги нервира челниците на Јуве

Дека актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус е последниот кој покажал сериозен интерес за проблематичниот напаѓач на англискиот премиерлигаш Саутемптон, Даниел Пабло Освалдо, потврди и генералниот менаџер на “старата дама”, Џузепе Марота.

“Ни се допаѓа Освалдо, но знам дека Пабло е интересен и е желба на неколку клубови од Европа. Станува збор за фантастичен фудбалер, но пред да купиме нов фудбалер, ние мора да продадеме некој фудбалер. Вучиниќ? Ако побара да биде продаден, тогаш ние ќе му дадеме дозвола за промена на клупската средина”, изјави Марота.

Италијанските медиуми потврдија дека челниците на Јувентус се подготвени да платат околу 2 мил. евра за 6-месечната позајмица, а потоа на крајот од сезоната и да го откупат неговиот договор со обештетување од 6 мил. евра.