Свет

Проблематично на словенско-австриската граница

Проблематично на словенско-австриската граница

Проблематично на словенско-австриската граница. Австриската полиција синоќа повторно се соочи со голем проблем во врска со прифаќањето бегалци од Аловенија, кои повторно ја пробија оградата. Чуварите на редот поради ова, привремено отстапија од регистрација, ајвува Танјуг.

Пробивањето на оградата од страна на илајдници луѓе може да се спречи само со масовна примена на принудни мерки. Примената на насилство не одговараше на ситуацијата затоа што меѓу бегалците имаше повеќе жени и деца, па повредите беа зивесни, наведува полицијата.

Портпаролот на полицијата Лео Јозефус потсетува дека сеуште е задолжителна обврската за регистрација, но дека под актуелните околности тоа не е возможно.

Од петокот утрото до попладнето во Австрија влегле до 7.000 бегалци, а во изминатите денови околу 1.500 ја пробиле оградата пред центарот за регистрација на преминот Шпилфелд.

Тие сакале побрзо да тргнат кон Германија, па земале такси возила за превоз. Сепак неколку стотици тргнале пеш затоа што веруваат дека целта е оддалечена само неколку стотици километри.

Поради мигрантите што се движат по пругата, железничкиот сообраќај од Шентли до Шпилфелд е во прекин.