Проблеми со пристапот до Фејсбук и Инстаграм

Популарните социјални мрежни Фејсбук и Инстаграм од изутринава имаат проблеми со работата, така што корисниците од целиот свет немаат пристап до своите профили, пренесе МИА.

Најмногу се засегнати корисниците во САД, Азија и Австралија.

Фејсбук, како и Инстаграм кој е во негова сопственост, немаат само проблеми со верзиите, кои се наменети за персоналните компјутери, туку овие социјални мрежи се недостапни и за корисниците преку апликациите за таблети и за смартфони.

Доколку се обидат да ги отворат апликациите корисниците ќе можат да видат само постари податоци, додека вчитувањето на новите актуелности е оневозможено.

Во меѓувреме конкурентскиот Твитер успешно работи.