Проблеми во сексот со кои се соочуваат паровите

Дури и емиционално силните парови признаваат дека имаат сексуални проблеми. Да се биде во врска не значи дека сексот е секогаш на располагање, ниту пак дека секогаш е добар. Најголемиот проблем е во тоа што паровите не комуницираат еден со друг за своето незадоволство. А, ова се најчестите проблеми со кои се соочуваат.

1. Тој не те задоволува како што треба, а мисли дека тоа добро го прави

Тој се труди, но некои работи едноставно не ви одговараат. Не би го правел тој тоа, ако не му објасниш што точно сакаш

„Мажите имаат тенденција да користат техники кои ги користеле на други жени, па ако искрено не им кажете што мислите за нив, тој ќе претпостави дека ви се допаѓаат“, велат сексолозите.

seks-1398111530-33862

2. Твоето либидо е посилно од неговото

„Голем број на мажи имаат послабо либидо од своите поубави половини, но тоа не сакаат да го признаат“. Тоа доведува до тоа да некои мажи не се чувствуваат доволно „мачо“, бидејќи не можат да ги следат своите партнерки. Од друга страна, на жените поради силното либидо им е нeпријатно поради нивната сексуалност или се прашуваат зошто партнерката не го привлекува. Разговарајте.

svada-1391978358-26268

3. Технички потешкотии

Еректната дисфункција ги погодува и младите мажи, бидејќи нивната изведба е физичка, но и психолошка.

„Во денешно време често виновници се стресот, лошата исхрана или недостатокот на вежби. На секој може да му се случи понекогаш. Проблемот настанува ако тоа се претвори во рутина“, велат сексолозите.

4. Рутина

Кога веќе сме кај рутината… Јасно е дека сексот подоцна не може да биде ист како на почетокот.

„Проблемот е што многу парови на почетокот сакаат што побрзо да ги испробаат сите пози и движења. Така со време учат што го возбудува нивниот партнер и се држат само до тоа, како рецепт кој доведува до сигурен оргазам“.

Испробајте нови работи, бидејќи големи се шансите да не сте испробале се.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.