понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Проблеми за Македонија пред мечот со Белорусија

Моторот на тимот во нападот, Филип Миркуловски ќе биде во составот, но е неизвесно дали ќе влезе во игра и ќе може да им помогне на своите соиграчи од репрезентацијата.

Проблеми за Македонија пред мечот со Белорусија

Проблеми за Македонија пред мечот со Белорусија

Поврзани вести

Последниот натпревар на Европското првенство во Полска македонската ракометна репрезентација ќе го игра против Белорусија, денеска со почеток од 16 часот.

По повредите на Филип Кузмановски и Филип Лазаров, селекторот Ивица Обрван се соочува со уште еден голем проблем. Моторот на тимот во нападот, Филип Миркуловски ќе биде во составот, но е неизвесно дали ќе влезе во игра и ќе може да им помогне на своите соиграчи од репрезентацијата.

Средниот бек на македонската репрезентација има мала повреда на коленото добиена на претходниот меч со Норвешка. Според последните информации од македонскиот табор, тој сепак, ќе биде на располагање на клупата, да помогне во одредени моменти. Но, за да се избегне поголем ризик, Миркуловски на денешниот меч повеќе ќе биде на поштеда.

Во составот на Белорусија со сигурност ќе ја нема првата ѕвезда Сергеј Рутенка кој е изоставен од списокот за настап против нашиот состав, а на негово место во игра треба да се најде Зајцев.

Тоа ќе биде мотив повеќе за нашите репрезентативци со победа го завршат овој европски шампионат.

Најчитани вести