Проблеми за Вардар – се повреди Дибиров

Македонскиот преставник на престојниот фајнлфор од СЕХА лигата, Вардар се соочува со проблеми пред почетокот на овој турнир.

“Црвено-црните” ќе се обидат да го одбранат тронот кој го освоија лани, но тоа ќе треба да го сторат без помошта на Тимур Дибиров. Веднаш по завршувањето на мечот со Висла Плок, руското лево крило се пожалило на болки во ногата, а по деталните лекарски прегледи било утврдено дека се работи за скинати мускулни влакна, по што ќе мора да паузира минимум една недела.

Со оглед дека Дибиров е еден од лидерите на тимот, Вардар ќе има навистина тешка задача да го одбрани трофејот во СЕХА лигата, особено ако се знае дека главниот фаворит Веспрем е всушност и домаќин на фајнлфор турнирот.