Нови патишта, канализации – се решаваат проблемите на земјоделците од делчевско

Нови патишта, канализации решавање на проблемите на земјоделците, санација на речни корита е епилогот од посетата на Груевски на Делчево и Делчевските села.

Жителите на селото Вирче задоволни од исполнувањето на нивното барање за асфалтирање на патот Стамер – село Град  – село Вирче во должина од 3,2 километри, инвестиција од приближно 21 милион денари.  А воедно се разговараше за изградба на канализација што преставува решавање на уште еден проблем на жителите на ова делчевско село.

Освен ова беше договорено и изградба на две улици во населеното место, а граѓаните се пожалија за постојаниот проблем што го имаат со изливање на водата од речните корита во атарот на нивното село.

Истовремено Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски разговараше и за повеќе проблеми поврзани со земјоделското производство, при што сточарите се пожалија на откупната цена на млекото која според нив е пониска за разлика од другите региони.

Груевски ги посети и жителите на село Град. Таму има инвестицијата за изградба на целосна фекална канализација во вредност од над 11милиони денари, а проектот опфаќа изградба на канализации во должина од 6 километри.

Покрај разговорот за инфрструктурните прашања, се разговараше за состојбите во земјоделството со посебен осврт на производството на сливи и млеко.

Се разговараше и поддршка за набавка на земјоделска механизација и процесот на откуп на земјоделските производи од овој регион.

Груевски ја посети и компанијата Рудине, фирма која од објект во стечај прераснува во сериозен економски капацитет во овој регион, кој покрај сопствени инвестиции има голем број и на инвестиции од ИПАРД програмата која ја обезбедува Владата.

Груевски ја искористи можноста да му пренесе на сопственикот на компанијата дел од поплаките на сточарите поради намалените откупни цени кои ги слушна при претходната теренска посета, при што сопственикот на компанијата рече дека тоа е резултат на движењето на берзите и пазарните циклуси, но и вети дека ќе ја разгледа можноста за нивно покачување.

Инаку менаџментот на Рудине задоволни од креираната бизнис клима соопшти дека има и планови за проширување на капацитетите што на Делчево ќе му донесат нови работни места.