Проблемот со името тема на сите средби на Нуланд во Атина

Проблемот што Атина го има со нашето уставно име била тема на сите средби што американскиот помошникот државен секретар Викторија Нуланд ги оствари со грчкиот државен врв. Одговарајќи на прашањето на Нетпрес, Нуланд изјави дека проблемот со името бил тема на средбите со премиерот Алексис Ципрас и со шефот на дипломатијата Никос Коѕиас.
 
И со Премиерот и со Министерот за надворешни работи зборувавме за нашите заеднички надежи да најдеме решение кое што е прифатиливо, за да може да го надминеме овој проблем, изјави Нуланд.
 
Најтиражните грчки весници изминатиов период информираа дека Соединетите Американски Држави, во прв ред преку Викторија Нуланд, прават притисок за решавање на спорот за името и тоа во следните неколку месеци. Грчките медиуми информираа и дека овој притисок се очекува да се зголеми во следниот период.
 
Освен прашањето за името, теми на средбите во Атина биле и бегалската криза, економските реформи и енергетската диверзификација.
 
Зборувавме и за енергетската стабилност и за Трансатлантскиот гасовод. Зборувавме за кракот кој што треба да се движи кон Бугарија. Многу сме ентузијасти за улогата што Грција може да ја одигра во европската енергетска стабилност. Мислиме дека постојат големи можности овде, порача Нуланд.
 
Иако рускиот гасовод Турски тек официјално не беше споменат, ставот на САД за ова прашање во Атина неодмна го пренесе претставникот за енергетски прашања Ејмос Хохстин, кој што на грчкиот државен врв му порача неместо на рускиот проект, да се да се фокусираат на Трансатлантскиот гасовод кој што е поддржан од Западот.