Македонија,Крими хроника

Прободен маж оставен да лежи на улица

Прободен маж оставен да лежи на улица

По вербална расправија со три лица, која подоцна прераснала во тепачка 37 – годишниот К. А. oд село Крушопек бил прободен со нож и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил оставен да лежи со убодна рана на ул. „Лондонска“ пред ТЦ „Олимпико“.

Настанот синоќа околу 18, 40 часот во полиција го пријавила екипата на Итна медицинска помош.

Како што информираат од МВР, еден од осомничените за настанот се пожалил на повреди и бил задржан за понатамошно лекување во Специјална болница за хируршки болести Св.Наум Охридски, додека со останатите двајца осомничени е обавен разговор и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.