недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Почна процедурата за испорака на Шешељ во Хаг

Serbian nationalist leader Vojislav Seselj waves to his supporters from a balcony of his Serbian Radical Party headquarters in Belgrade

Последни вести

Претседателот на Српската Радикална Странка Војислав Шешељ вели дека почнала постапката за негово испорачување во Хаг и дека ќе се јави на повикот на Судот за воени злосторства во Белград, јавува „Танјуг“.

Шешељ на конференцијата за новинари рече дека добил повик од Вишиот суд во Белград на 10-ти март да се јави во таа институција како обвинет и додаде дека ќе бара да му се овозможи јавно да ги изнесува доказите за тоа зошто неговото испорачување во Хаг е противуставно.

Истакна дека ќе се повика на Европската конвенција за човекови права, на која и Србија е потписник а која го гарантира правото на фер судење. Прашан за тоа како ќе се однесува ако дојде до постапка за испорачување, Шешељ рече дека ќе пружа пасивен отпор:

Ќе мора да ме носат на аеродром, нема да се тепам со полицијата, а ако мене ме тепа полицијата, јас ќе најдам начин да ви јавам, рече Шешељ и додаде дека нема да ги повика неговите следбеници да му помогнат да не оди во Хаг.

За тоа што ќе прави по неговата испорака ќе одлучуваат органите на партиите, додаде Шешељ.

Прашан дали навистина очекува дека ќе биде испорачан, Шешељ рече дека верува дека власта има тешки маки и дека премиерот Александар Вучиќ е свесен што би значело тоа за него, но не знае како ќе реагира премиерот, односно дали ќе биде еден од оние што „испорачувале Срби во Хаг“.

Хашкиот суд побара уште во мај минатата година Шешељ повторно да биде уапсен и испорачан во Хаг а Вишиот суд треба да одлучи за исполнетоста на условите за неговата испорака. На 31-ви месецов Хашкиот суд ќе ја изрече пресудата за лидерот на СРС.

Најчитани вести