Проценител оштетил фирма за 185.000 денари

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против П.Р.(52) од Прилеп, овластен проценител за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на февруари 2014 година е поведена постапка за спроведување стечајна постапка на фирма од село Десово, при што пријавениот бил одреден да изврши проценка на имотот на фирмата.

По ова, пријавениот изготвил писмен извештај за проценка на две дробилки за мелење хартија, лажно прикажувајќи дека истите се оштетени, односно вредоста им е многу помала од реалната. Потоа, дробилките биле продадени на приватно лице, а пријавениот и нанел штета на фирмата од 185.000 денари.