Проценка на штетите од невремето во 140 домаќинства во Ѓорче Петров

Комисијата на општина Ѓорче Петров за проценка на штети од невремето, посети вкупно 140 домаќинстава, соопштија денеска од општината.

За сите поднесени барања за обесштетување, посочуваат оттаму, направени се записници и тие ќе бидат доставени до надлежните институции за надомест на штетата.