Процесот почна: Унгарија тргнува со закони против октоподот на Сорос

Медиумската куќа „Брајтбарт“, на главнот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, ги најави новите закони во Унгарија, со кои се воведува јавност, отчетност и транспарентност во финансирањето на НВО мафијата на Џорџ Сорос.

Владејачката партија на Унгарија вели дека ќе предложи легислатива со која што ќе ги принуди невладините организации да го откријат изворот, количината и целта на странски финансиски средства што ги добиваат.
Лајош Коса, Лидерот на парламентарната фракција на партијата ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан, во петокот рече дека намерата е да се фрли светлина врз начинот како групи кои се обидуваат да влијаат во Унгарија, се финансирани од странство. Коса рече дека нацрт-закон ќе биде поднесен до Парламентот следниот месец, пишува „Брајтбарт“.

Орбан постојано ги  критикува групите финансирани од филантропот Џорџ Сорос, опишувајќи ги како „странски агенти”, кои сакаат да го поткопаат авторитетот на избраните претставници.

Унгарската канцеларијата на Антикорупциската комисија Транспаренси Интернешнл, Унгарската унија за граѓански слободи и Хелсиншки комитет на Унгарија се меѓу таргетираните од унгарската влада за нивните активности.