Процесот „Тракеторија“ продолжува на 4-ти септември

Со преслушување на уште дваесетина разговори од таканаречените „бомби“ кои ги емитуаше пред три години сега владејачката СДС;, предложени како доказ рочиштето за случајот на Специјалнотео јавно обвинителство (СЈО)  „Траекторија“  ќе продолжи на 4-ти септември.

Досега се преслушани околу триста разговори, а во четвтокот се слушаа разговри за преговорите за апликацијата за кредит од Кина од период февруари 2013 година.

Во сите разговори се слуша глас за кој се тврди дека е на поранешниот министер за транспрот и врски Миле Јанакиески со соговорници во кои се договара кои македонски компании да учествуваат во изградбата на патот.

Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид. (МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.