Прочитајте ги легендарните изјави на Јирген Клоп !

Се уште актуелниот тренер на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, не само што успеа да направи одличен екипа од тимот на Сигнал-Идуна Парк, туку секогаш знаеше да направи шоу и на прес конференциите и да ги насмее сите.

Германецот кој ова лето сигурно ќе замине од таборот на „милионерите“ е одличен тактичар и врвен мотиватор и затоа по 7 години  поминати години во клубот, речиси да нема некој кој не жали за неговото заминување.

Шармантниот стратег во таборот освои две титули во Бундеслигата, еден Национален Куп, два пати триумфираше во Супер-купот и настапи во финалето на ЛШ.

Покрај успесите, Клоп редовно правеше шоу на прес-конференциите па затоа ви ги пренесуваме неговите највпечатливи изјави.

-Кога го дадов првото интервју бев многу разочаран. 10 минути по второто се чувствував подобро, а 30 минути потоа се чувствував како да сум победил меч.

-Единствената работа која би ја кажал е дека тука беше супер. Лондон е град на Олимписките игри. Времето беше добро, се беше одлично, само резултатот беше срање,  изјави Клоп по поразот во финалето од ЛШ против Баерн Минхен.

-Ние имаме лак и стрела и ако имаме цел можеме да ја погодиме. Проблемот е што Баерн има базука“

-Ќе го чекаме како една добра жена која си го чека мажот да излезе од затвор,  изјави Клоп за повредениот Хумелс.

-Шалке??? Зошто Кевин? Тој беше добро момче се до ова утро, изјави Клоп откако дозна дека Кевин Принц Боатенг од Милан заминува во Шалке.

-Ќе останам тука сигурно во наредните 20 години, изјави Клоп додека беше тренер на Мајнц, а слична изјава даде и за Борусија Дортмунд

-Да, вистина е, направив трансплантација на коса. Мислам дека резултатите се кул, нели?

-Горд сум на првиот црвен картон како тренер. Му се спротивставив на четвртиот судија и му реков: Колку грешки се дозволени тука? Ако се 15, тогаш имаш фора на уште една.

-Одете по ѓаволите. На вас сакам да ви давам интервјуа, исто колку што сакам да ме боли заб. Ќе дојдете тука или не?

-Последен пат Борусија победи тука пред 19 години, кога голем дел од играчите беа новороденчиња, по триумфот над Баерн Минхен на гостински терен.