Магазин

Прочистете ги белите дробови за само три дена!

Прочистете ги белите дробови за само три дена!

Никој од нас нема време да примени комплициран режим на исхрана која е неопходна за чистење на организмот. Затоа Ви носиме метод како да ги исчистите белите дробови за само три дена.

Голем број од луѓето никогаш во животот не запалиле цигара, а имаат проблем со белите дробови, додека некои пушачи пак немаат проблеми.

Изгледа дека се е индивидиуално, но цигарите веројатно придонесуваат за лошата состојба на белите дробови. Овој метод затоа повеќе им е потребен на пушачите, но сигурно би ви бил добредојден дури и ако сте непушач.

Еве како да ги прочистите вашите бели дробови за само три дена.

Два дена пред овој процес треба да престанете да конзумирате млечни производи, а вечерта пред првиот ден од режимот пред спиење напијте се чај.

Тоа ќе им помогне на вашите црева да се ослободат од токсините, што е значајно за белите дробови да не бидат преоптоварени за време на детоксикацијата.

droboi

Процедура:

Исцедете два лимони во 300 милилитри вода и испијте го пред појадокот.

Испијте 300 милилитри сок од цитрон или ананас. Овие сокови содржат природни антиоксиданси кои се важни за здравјето на белите дробови.

Помеѓу појадокот и ручекот испијте 300 милилитри сок од морков. Тоа ќе помогне во зајакнувањето на крвта.

За време на ручекот треба да испиете 400 милилитри сок богат со калиум. Калиумот е клучен елемент за чистењето на белите дробови. Рецептот следува во продолжение…

sok

Рецепт:

Во соковник исцедете 350 грама пашканат, 350 грама земена пиперка, 200 грама печурки поточарки и 350 грама краставици. Би требало да добиете течност од 400 милилитри сок.

На крајот, пред спиење треба да испиете сок од брусница.

Покрај овие сокови, треба да водите сметка и да вежбате во период од овие три дена, доволно да спиете, а можете и да се релаксирате во топла купка, дваесетина минути дневно за да ја зајакнете детоксикацијата.

Овој режим е можеби малку напорен, но за само три дена ќе почуствувате неверојатни резултати.