Продаден редок драгоцен камен кој е пронајден во јужно-африкански рудник

Компанијата „Петра дајмондс“ со седиште во Лондон соопшти дека продала за 27,6 милиони долари редок дијамант пронајден во нејзин рудник во Јужноафриканската Република.

Компанијата го пронашла дијамантот од 122,52 карати во јуни во својот рудник во Калинан каде што и порано биле ископувани драгоцени камења со голема вредност.

„Петра“ наведува дека дијамантот го купиле партнерски фирми кои сакале да останат анонимни.