Продадена парцела за нов хотелски комплекс во Центар

ГМ „Инвест Груп“ ДООЕЛ – Струмица е фирмата која денеска понуди најмногу за метар квадратен на јавното наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земиште за изградба на хотелски комплекс за спортско-рекреативниот центар Кале, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

Станува збор за една градежна парцела, наменета за изградба на хотелски комплекс со површина 374.2 м2 чија почетна цена на електронското јавно наддавање изнесуваше 61 денар од метар квадратен. Најповолен понудувач на одржаното електронско јавно наддавање е правното лице ГМ „Инвест Груп“ ДООЕЛ – Струмица со понудена највисока цена од 2.745 денари за метар квадратен, односно вкупно 10.271.790 денари за целото земјиште.

Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од електронското јавно наддавање, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.