Продадени 43 локации во Штип од кои 32 за куќи

Вчера се оддржа лицитација од огласот за продажба на градежно земјиште на Општина Штип.

Од понудени 55 градежни парцели, продадени се 43 при што важно е да се напомене дека сите 32 локации кои беа огласени за индивидуални куќи се продадени на вчерашната лицитација. Највисоката цена која е постигната е 900 денари за метар квадратен.

Од продажбата на овие 43 парцели остварен е приход од 50,2 милиона денари или над 800.000 евра. Од оваа сума, по уплатата од страна на странките, 80% ќе се слеат во буџетот на Општина Штип а 20% во државниот буџет – изјави Драган Ристов, советник заодноси со јавност во Општина Штип.

Освен локациите за куќи, продадени се и една локација за деловен објект, локацијата за хотел кај бања Кежовица која е продадена за околу 3.8 милиона денари, една за бензинска пумпа во Криви Дол и една парцела за лесна и незагадувачка индустрија во населба Балканска.