Продадени нови девет парцели во населбата „Јака“

Локалната власт во општина Илинден преку електронско јавно наддавање отуѓи девет нови локации за изградба на станбени куќи населбата „Јака“. Се работи за градежни парцели со површина од 356 до 521 метри квадратни, кои беа купени по цена од 455 до 1.075 денари за метар квадратен. Од продажбата се очекува во локалниот и во буџетот на државата да се следат вкупно 2.602.190 денари, односно 42 илјади евра. На веќе купените локации е предвидено да се изградат семејни куќи на приземје и кат, со максимална висина од 7 метри.

Од општина Илинден веќе за 8 август најавуваат уште едно електронско јавно наддавање на локации истата населба, кога е предвидено да се отуѓат вкупно 13 парцели. Покрај оддалеченоста од околу 10 километри од центарот на Скопје, новата населба „Јака“ е атрактивна за граѓаните бидејќи за прв пат им се нуди бесплатна изработка на идејни решенија и основни проекти за новите домови. За таа цел локалната самоуправа ги ангажираше бироата „Инкон Инженеринг“ од Скопје и „Есперанца“ од Битола во изготвувањето на неопходната документација. Населбата „Јака“ е зацртано да се состои од 500 куќи, хотел, трговски центар, како и простор за спортско – рекреативни содржини.

Извор: Билд.мк