Продавачка спречила кражба во дуќан во Прилеп

дуќан

Тој влегол во продавницата и од вработената ги побарал парите. Таа се исплашила, ја отворила задната врата од продавницата и почнала да вика по сопственичката. Во тој момент сторителот и се доближил и ја удрил со тупаница во пределот на лицето, по што  заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.