Продажна изложба на „Порака“ во општина Аеродром

Во просториите на Општина Аеродром, од денеска е поставена предновогодишна продажна изложба на рачни изработки од претставници на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

На изложбата можат да се видат рачни изработки, односно најразлични украси и други рачно изработени предмети од страна на членовите на организацијата, а поставена е и кутија за донации за хуманите граѓани, кои имаат желба да дадат симболична поддршка на штитениците.

Целта на оваа изложба, покрај дружењето, социјализацијата и унапредувањето на секојдневната работа, е да се даде директна поддршка на процесот на деинституционализација на лицата со посебни потреби.