Продажна изложба на „СОЛЕМ“ во општина Аеродром

Продажна изложба на рачни изработки од претставници на здружението на граѓани „Солем“ од вчера е поставена во просториите на општина Аеродром.

На изложбата можат да се видат рачни изработки, односно најразлични украси и други рачно изработени предмети од страна на членовите на здружението, а поставена е и кутија за донации за хуманите граѓани, кои имаат желба да им дадат поддршка на лицата со интелектуална попреченост.

Целта на оваа изложба, покрај собирање финансиски средства, е дружење и социјализација на лицата со посебни потреби.