Свет

Продлжуваат борбите во Мајнмар

Продлжуваат борбите во Мајнмар

На североистокот на Мјанмар, во провинцијата Шан продолжија жестоките судири меѓу бунтовничките етнички групи и армијата, која од денеска бунтовниците ги напаѓа со авиони и хеликоптери.

Конфликтот започна на 9 февруари, со обид бунтовниците да преземат контрола над административниот центар Лаукаи, а во борбите загинаа 47, а беа ранети над сто припадници на војската на Мјанмар.

Државните медиуми во Мјанмар известуваат дека бунтовниците употребуваат современо тешко вооружување, а со тоа индиректно ја обвинија Кина за поддршка на племињата кои се борат за отцепување од државата, порано позната како Бурма. Во Кина, во граничната провинција Јунан, по избувнувањето на првите вооружени судири во 2009 година избегаа околу 30.000 лица.

Претставникот на Таанг ослободителната армија, која ги обединува бунтовниците од неколку племиња, денеска за Радио слободна Азија демантираше дека Кина ги помага бунтовниците со оружје.