Продолжен притворот за дадилката што тепаше бебе

Продолжен притворот за дадилката што тепаше бебе
Продолжен притворот за дадилката што тепаше бебе

Дадилката од Ѓорче Петров обвинета за малтертирање на 9-месечниот Даријан доби нови триесет дена притвор.

Дадилката-монструм беше снимена како крвнички тепа деветмесечно бебе за кое требало да се грижи и ќе одговара за запуштање и малтретирање на малолетно лице.

Од Обвинителството соопштија дека против неа е поднесен обвинителен акт и дека до почетокот на судењето таа ќе остане во притвор.

Случајот кој ја згрози и револтираше домашната јавност беше откриен на почетокот на септември откако родителите на Даријан одлучија снимката да ја објават во медиумите. На неа јасно се гледа како Т.С. (61) брутално и бездушно го удира по главата и телото беспомошното бебе кое плаче на цел глас.