Продолжен рокот за апликација за проектот „Центар се грижи за возрасните“

Поради големиот интерес на граѓаните, општина Центар  донесе решение за  продолжување на рокот за поднесување на апликации за проектот „Центар се грижи за возрасните“.

Апликациите од заинтересираните граѓани се’ уште пристигнуваат , а голем број на граѓани се јавуваат за дополнителни информации.

Поради интересот, но и фактот дека информациите потешко пристигнуваат до повозрасните сограѓани, општина Центар одлучи да го продолжи рокот за аплицирање за  дополнителни  десет дена и ќе трае до 06.02.2017 (понеделник).

Општина Центар започна со реализација на овој пилот проект кој нуди пакети за нега во домашни услови за жители на општината  со над 64 години возраст.

За потсетување,  апликацијата, заедно со соодветна документација, се доставува  до архивата на општина Центар. Апликантите, или нивни блиски, треба да поднесат фото-копија  од лична карта, фото-копија од потврда за пензија и фото-копија од   медицински документ за здравствена состојба .

Доколку  заинтересираните не се во состојба  лично да го сторат тоа од здравствени  или други причини, може да се јават  на телефонскиот број 076 313 383.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.