Продолжен притворот на осомничените од петочните протести

Нови 30 дена притвор за осумтемина насилни демонстранти кои минатиот петок со камења ја нападнаа полицијата и зградата на кривичниот суд незадоволни од пресудата во случајот „Монструм“.

Тие одговараат за учество во толпа што ќе предизвика кривично дело. Казната за ова дело е до пет години затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.