Продолжен рокот за аплицирање за отпис на долгови

Лицата кои аплицираат за отпис на долгови, решенијата треба да ги очекуваат на домашна адреса до крајот на октомври.

Скопје е убедливо прв на листата со најголем број барања со речиси 9 илјади барања, околу 4000 барања се поднесени во Куманово, а граѓаните во Центрите за социјални работи во Тетово, Гостивар, Прилеп и Струмица поднеле околу 2500 барања.

Во дневникот на Сител телевизија Ставрски информираше дека досега се доставени 31.000 барања, со што ќе се достигне очекуваната бројка од над 50.000.

Отписот на долговите е одговор на барањата на граѓаните кои поради кризата западнаа во тешкотии, особено оние од најранливите категории, како корисниците на социјална помош, невработнеите и лицата кои поради смрт или болест на чен од семејството дошле во ситуација да не можат редовно да ги плаќаат обврските.

Ставрески очекува дека до крајот на октомври државната комисија ќе ги собере документите по службена должност, ќе комуницира со доверителите и ќе се отпишат долговите.

Отписот на долгови е еднократна мерка, а се отпишуваат долгови за струја, парно, радиодифузна такса, за кредити и минуси на тековни сметки, како и за трошоци за нотари и извршители во случаите кога постапката за присилна наплата е започната.

Долговите треба да се направени до 31 декември минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.