Македонија

Продолжение на 47. седница во Собранието

Продолжение на 47. седница во Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи со работа по 47. седница, на која меѓу точките се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2014 година, како и Стратешкиот план, Финансискиот план и предлог одлуките за давање согласност на Програмата за работа на оваа државна комисија за 2015 година.

Пратениците треба да ги разгледаат и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала во прво читање и предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2015 година.

На дневен ред на седницата се и финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2015 година, како и годишните извештаи за 2014 година на повеќе институции.