Продолжија градежните активности за подобрување на атмосферската канализациона мрежа на булеварот Киро Глигоров

Изминатиот викенд 04-05.10.2014 година со цел пренасочување на дел од атмосферските води од јужната страна кон подвозникот на булеварот Киро Глигоров беа изведени моноблокови со решетки. Моноблоковите се странично армирани и бетонирани со димензии 40/60, во должина од 7,3 метри во правец од Аеродром кон Автокоманда, а во правец од Автокоманда кон Аеродром во должина 5,3 метри.

Функцијата на моноблоковите е атмосферските води да ги прифати пред истите да дојдат во нискиот дел на самиот подвозник и да ги одведе во атмосферскиот колектор и на тој начин да се избегне можноста за поплавување.

Претходно се изврши реконструкција на постоечкиот атмосферски колектор кај Бриколаж, при што беа вградени полипропилен цевки, со профил ф-800 милиметри, во должина од 57 метри. Со реконструкцијата се изврши исправувавање на атмосферскиот колектор кој претходно имаше две прекршувања под агол од 90 степени, со што ќе се подобри одведувањето на атмосферските води.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.