Продолжиле регистрација без задолжителен технички преглед

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(54) и Г.М.(46), двајцата од Куманово, контролори во Станица за технички преглед АМД „Киро Бурназ“ од Куманово, за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и против А.М.(42) од с.Никуштак-општина Липково, за „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Прво и второ пријавениот по претходен договор со третопријавениот, без да извршат задолжителен технички преглед на товарно возило „мерцедес“ истите во барањето за продолжување на важноста на регистрација внеле невистинити податоци дека возилото е технички исправно и со свој потпис и печат од станицата го завериле. По ова,  третопријавениот иако знаел дека барањето е со невистинита содржина истото го доставил кај референтот за регистрација на возила, врз основа на кое му е продолжена важноста на регистрацијата на товарното возило.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.