Продолжува 15-та собраниска седница

Петнаесеттата седница на која треба да е гласа за Предлог законот за заштита и благосостојба на животните во прво читање, за кој расправата заврши вчера, денеска ќе биде продолжена во Собранието на Република Македонија.

Меѓудругото, пратениците ќе расправаат за измените на Законот за нуспроизводи од животинско потекло на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, сите во прво читање.

Законот за јавно здравје, на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, на Законот за медицински студии и континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, како и на Законот за заштита на населението од заразни болести, се исто така на дневен ред, исто така, во прво читање.

По скратена постапка на дневен ред на 15. седница се дополнувањето на Законот за Владата на Република Македонија, измените на Законот за јавен долг и на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Во рамки на седницата ќе се расправа и за Предлог измените на Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009 – 2019 и Предлог одлуката за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.