Продолжува 21. седница во Собранието на Република Македонија

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 21. седница со расправа по Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ Инфраструктура Скопје, кој е во прво читање.

Во рамки на оваа седница пратениите ќе ги разгледуваат предлог законите за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за јавните набавки, како и на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, сите во прво читање.

На дневен ред, меѓу другите, се и Предлог законот за затворање на сметките кои се преземени во Управата за јавни приходи од поранешната Агенција за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет,  чии иматели се субјекти кои по организациона форма не се трговски друштва или трговци  поединци, Предлог законот за вршење работи за застапување во царинските постапки, во прво читање, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа, по скратена постапка.