Продолжува 24. Седница во Собранието на Република Македонија

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи продолжението на 24. седница.

На дневен ред се Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка, Предлог – законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за национални патишта, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка, Предлог-закон за изменување на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка, сите во второ читање и Предлог – законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање.

Претходно овие закони ќе бидат разгледувани на матичните комисии.