Продолжува 35. седница на Собранието на Република Македонија

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 35. седница со разгледување на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција, во прво читање, пренесува МИА.

На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се и Предлог законот за дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за шумите и Предлог законот за дополнување на Законот за ловството, сите во прво читање.

Пратениците треба да расправаат и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на труд, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, исто така во прво читање.

Македонското Собрание треба да ги разгледа и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, на Законот за животната средина, на Законот за комуналните дејности.