Продолжува агонијата на Борусија Дортмунд

Тимот на Борусија Дортмунд продолжува со лошите игри во Бундес лигата, поради што се наоѓаат на 16-то место со 15 бодови, само бод повеќе од последно пласираните Фрајбург и Вердер Бремен.

На дуелот кој го одиграа синоќа против Волфсбург, иако два пати водеа, сепак не успеаа да триумфираат, играјќи 2:2.

Поведоа со голот на Аубамејанг во 8-та минута, а израмни Де Брујн во 29-та минута. Во вториот дел, Борусија повторно поведе преку Чиро Имобиле, но Бразилецот Налдо со гол во 85-та минута ги сруши надежите за победа на домашните и ја продолжи резултатската криза на еден од најтрофејните тимови во Бундес лигата.

Резултати од 16-то коло во Бундес лигата:
Борусија Дортмунд – Волфзбург 2:2
Борусија Менхенгладбах – Вердер 4:1
Хофенхајм – Баер Леверкузен 0:1
Ајнтрахт – Херта 4:4
Падерборн – Шалке 1:2

Во вторникот:
Баерн Минхен – Фрајбург 2:0
Хановер – Аугзбург 2:0
Хамбургер – Штутгарт 0:1
Келн – Мајнц 0:0.

Табела: Баерн Минхен 42 бода, Волфзбург 31, Баер Леверкузен 27, Борусија Менхенгладбах 27, Шалке 26, Аугзбург 24,…